Драги родители,
Со големa чест и возбуда ве известуваме дека Куманово ќе биде домаќин на нешто историско — првиот авторизиран фудбалски камп на La Liga клуб.
REAL BETIS CAMP KUMANOVO 2026
19, 20 и 21 јуни 2026
Кој е Real Betis?
Real Betis Balompié е еден од најпрепознатливите фудбалски клубови во Шпанија, основан во 1907 година — со повеќе од 115 години историја. Клубот се натпреварува во La Liga, највисокиот ранг на шпанскиот фудбал, и редовно учествува во европски натпревари. Real Betis неодамна со своите добри игри оваа сезона го потврди и учеството во Лигата на Шампионите на УЕФА за следната година.
Под покровителство на Real Betis Foundation (Fundación Real Betis Balompié), клубот развива глобална мрежа на академии во земји како Шпанија, Мексико, САД (Аризона), Ел Салвадор и други. Сега, со потпишувањето на нашиот договор, оваа мрежа доаѓа и во Македонија.
Што нудиме во Куманово
- Тренери директно од Real Betis Academy — кои доаѓаат од централата во Севиља и кои со учесниците работат според методологијата La Cantera .
- Локални тренери — кои што се во директна комуникација и корелација со тимот на Real Betis
- 3 тренинзи во рок од 3 дена — секоја тренинг трае 3 часа (вкупно 9 часа квалитетен фудбалски тренинг).
- Официјална Real Betis Academy опрема за тренинг — маица и шорц со логото на клубот и академијата.
- Освежување — без дополнителни трошоци, сè вклучено во цената.
- Осигурување за времетраењето на кампот — сите учесници добиваат осигурување од несреќни случаи.
- Официјален сертификат за учество — со логото на Real Betis Academy, потпишан од тренерите.
- Возбудливи натпревари и завршна церемонија — со награди и официјална фотогалерија.
Каде ќе се одржува?
ММ Спорт Евент Центар во Куманово е една од најмодерните спортски инфраструктури во регионот. Објектот располага со:
- FIFA-сертифициран фудбалски терен со вештачка трева последна генерација (Edel Grass)
- Тениски терени, падел терени и кошаркарско игралиште
- Современо ноќно осветлување за тренинг во вечерните часови
- Гардероби и санитарни простории
- Кафе зона за родителите и публиката со поглед на теренот
- Безбеден паркинг
- Видео надзор на сите главни зони
Зошто веруваме во овој настан?
Real Betis Foundation работи со деца на десетици локации во светот. Нивната методологија — позната како La Cantera (што значи „каменолом” во смисла на пронаоѓање, обработка и оформување на млади играчи) — е реална и докажана. Во нивните академии се изградиле големи играчи кои денес играат во La Liga и репрезентациите.
Овој камп не е импровизирана активност. Имаме:
- Потпишан официјален договор со Fundación Real Betis Balompié.
- Уплатена договорна такса до Real Betis за активирање на нивните обврски.
- Партнерство помеѓу ММ Спорт Евент Центар и Граѓанска иницијатива за развој на Социјален Капитал, Куманово.
- Договори за осигурување —осигурување од одговорност и несреќни случаи за сите учесници.
- Сите ангажирани тренери и волонтери имаат негативни уверенија од Регистарот за сексуални прекршоци и се потпишале дека го прифаќаат нашиот Кодекс на однесување.
- Медицинска подршка на самото место — сите 3 дена ќе има достапен лекар .
Ова не е приказна за обид; ова е чекор кон долгорочна соработка на Севиља, Real Betis и Куманово.
Цени и попусти
| Тип | Цена | Период |
|---|---|---|
| EARLY-BIRD | 10.200 ден. | До 24 мај 2026, 23:59 |
| РЕДОВНА ЦЕНА | 12.000 ден. | Од 25 мај до 14 јуни 2026 |
Дополнителни попусти
- −30% на котизацијата на второто дете за родители кои пријавуваат две деца. Двете деца мора да се пријават со истовремена уплата.
- −10% за пријава од фудбалски клуб со минимум 10 деца, со потпис на клупски менаџер.
Пресметки за вас
| Сценарио | Пресметка | Вкупно |
|---|---|---|
| Едно дете во Early-Bird | 10.200 денари | 10.200 денари |
| Едно дете во редовна цена | 12.000 денари | 12.000 денари |
| Две деца во Early-Bird (исто семејство) | 10.200 + (10.200 × 0.70) = 10.200 + 7.140 | 17.340 денари |
| Две деца во редовна цена | 12.000 + (12.000 × 0.70) = 12.000 + 8.400 | 20.400 денари |
| Клуб со 10 деца во Early-Bird | 10 × 10.200 × 0.90 | 91.800 денари |
| Клуб со 10 деца во редовна цена | 10 × 12.000 × 0.90 | 108.000 денари |
Дневен распоред
Истиот распоред важи за првите два дена. На 21 Јуни поради завршната церемонија попладневниот тренинг ќе биде одржан порано, за што ќе ве известиме навремено. Времетраењето може да варира во зависност од нивото на групата и моменталните потреби.
| Време | Активност |
|---|---|
| 08:30 — 09:00 | Средба со децата од група А, Б и В и доделување на опрема (само првиот ден) |
| 09:00 — 12:00 | УТРИНСКИ ТРЕНИНГ (Група А, Б и В) |
| 12:00 — 15:30 | Пауза меѓу двата тренинга исполнета со забавна содржина за децата |
| 15:30 — 16:00 | Средба со децата од група Г, Д и Ѓ и доделување на опрема (само првиот ден) |
| 16:00 — 19:00 | ПОПЛАДНЕВЕН ТРЕНИНГ (Група Г, Д и Ѓ) |
| 19:00 — 19:30 | Резиме на денот, групна фотографија, заминување |
19 јуни 2026 (петок): Свечено отворање на кампот во 08:30. Родителите се добредојдени.
21 јуни 2026 (недела): Завршна церемонија со доделување на сертификати, награди и групна фотографија — 16:30–18:00. Сите родители се поканети.
Како да се пријави вашето дете
Регистрацијата е едноставна и трае помалку од 30 минути. Сите потребни документи се вклучени во овој пакет.
Чекор по чекор
1 Прочитајте го целиот пакет
Пакетот содржи 6 документи: оваа покана, формулар за регистрација, услови и правила, договор со ММ Спорт, примерок од уплатница, и насоки за финално потврдување.
2 Пополнете го формуларот за регистрација
Внесете ги сите потребни податоци за вас и за детето: лични податоци, здравствени информации, фудбалско искуство, големина на дрес. Сите согласности мора да бидат означени.
3 Прочитајте и потпишете ги Условите и правилата
Документот ги дефинира сите услови за учество, плаќање, откажување и однесување. Со потписот потврдувате дека ги прифаќате.
4 Потпишете го договорот со ММ Спорт
Овој документ е формален договор помеѓу вас и ММ Спорт Евент Центар за услугите на кампот. Двете страни го потпишуваат — една копија останува кај вас, една кај нас.
5 Уплатете го износот во банка
Извршете уплата според формуларот за уплата (има приложен примерок во пакетот) во најблиската банка или пошта. Уплатата оди на сметката на ММ Спорт во ПроКредит Банка. Зачувајте го оригиналот на потврдата за уплата.
6 Скенирајте и пратете сè на е-маил
Скенирајте ги сите документи (формулар, потпишани услови, потпишан договор, потврда за уплата) и пратете ги на [email protected]. Во рок од 48 часа ќе добиете формална потврда.
ВАЖНО: Целата постапка за регистрација на вашето дете можете да ја реализирате и преку web страната www.mmsport.mk. На самата страна ги има сите детални упатства и документи, за да не мора да го трошите вашето време со принтање, скенирање и одење по банки.
Имате прашања?
Ви стоиме на располагање за било кои прашања во врска со кампот, регистрацијата, плаќањето, или што било друго.
| Контакт | Информации |
|---|---|
| Телефон | +389 78 54 34 84 |
| [email protected] | |
| Viber / WhatsApp | +389 78 54 34 84 |
| Работно време | Понеделник—Недела, 09:00—21:00 |
| Локација | ММ Спорт Евент Центар, Куманово |
| Real Betis Academy Macedonia | |
| @betisacademy_mk |
Со нетрпение очекуваме да ги запознаеме вашите деца на терен!
¡Hasta Pronto!
Тимот на ММ Спорт Евент Центар
и Real Betis Camp Kumanovo 2026
