УСЛОВИ И ПРАВИЛА

1. Општи одредби

Овие Услови и правила (понатаму „Условите”) ги дефинираат правилата за учество во Real Betis Camp Kumanovo 2026 — фудбалски камп организиран од ММ Спорт Евент Центар, Куманово (понатаму „Организаторот”) во соработка со Граѓанска иницијатива за развој на Социјален Капитал, Куманово, и под лиценца на Fundación Real Betis Balompié (понатаму „Real Betis Academy” или „Бетис”).

Кампот се одржува во периодот 19—21 јуни 2026 во ММ Спорт Евент Центар, Куманово (понатаму „Локацијата”).

Со потпис на формуларот за регистрација и потпис на договорот со ММ Спорт Евент Центар, родителот/старателот изјавува дека целосно ги прочитал, разбрал и прифатил овие Услови. Пријава без потпис на родител/старател не е валидна.

2. Возрасна граница и услови за учество

2.1 Возраст

Кампот е достапен за деца родени помеѓу 1 јануари 2012 и 31 декември 2018, односно на возраст помеѓу 8 и 14 години во моментот на одржување.

Не постои дискриминација по пол — кампот е отворен подеднакво за машки и женски учесници. Групите за тренинг ќе бидат формирани врз основа на возраст и фудбалско ниво, не врз основа на пол.

2.2 Здравствени услови

Учесникот мора да биде во добра физичка и здравствена состојба за активен спортски ангажман. Со пријавата, родителот/старателот гарантира дека:

  • Детето нема медицински состојби кои го спречуваат да учествува во интензивна физичка активност во траење од 3 часа по сесија.
  • Сите алергии, хронични состојби и редовни лекови се пријавени во формуларот.
  • Детето е способно да следи инструкции од тренерите и да се однесува безбедно во групна средина.

Организаторот задржува право да побара дополнителна медицинска документација доколку оцени дека е потребно.

2.3 Распоред

Утрински тренинг: Група А, Б и В.

Попладневен тренинг: Група Г, Д и Ѓ.

Конечниот распоред на деца по сесија ќе биде изработен во соработка со тимот на Real Betis.

Регистрациите се прифаќаат по принципот „прв дојден — прв услужен”. Откако ќе се пополни капацитетот, нема да се прифаќаат нови регистрации.

3. Распоред и тренинг сесии

3.1 Дневен распоред (19, 20 и 21 јуни)

Време Активност
08:30 — 09:00 Чек-ин на деца за група А, Б и В и поделба на kit (само првиот ден)
09:00 — 12:00 УТРИНСКА ТРЕНИНГ СЕСИЈА (Група А, Б и В)
12:00 — 15:30 Пауза меѓу двете сесии исполнета со содржини за забава на децата
15:30 — 16:00 Чек-ин на деца за група Г, Д и Ѓ и поделба на kit (само првиот ден)
16:00 — 19:00 ПОПЛАДНЕВНА ТРЕНИНГ СЕСИЈА (Група Г, Д и Ѓ)
19:00 — 19:30 Wrap-up на денот, групна фотографија, заминување

Финалниот распоред со конкретни групи и тренери ќе биде испратен до родителите најдоцна 14 јуни 2026.

3.2 Опенинг и затворачка церемонија

  • 19 јуни 2026, 08:30 — 09:00: Свечено отворање. Присуство на родителите е добредојдено.
  • 21 јуни 2026, 16:30 — 18:00: Завршна церемонија со доделување сертификати, награди и групна фотографија. Сите родители се поканети.

3.3 Тренерски тим

Кампот е воден од:

  • Тренери директно делегирани од Real Betis Academy (Севиља, Шпанија), кои ги водат тренинг сесиите.
  • Локални тренери кои ги поддржуваат тренинг сесиите за непречена комуникација и континуитет на работата.

Сите тренери и волонтери имаат негативни уверенија од Централниот регистар за сексуални прекршоци и потпишано прифаќање на нашиот Кодекс на однесување.

4. Котизација, плаќање и попусти

4.1 Котизација

Тип Цена (денари) Период на важност
Early-Bird 10.200 денари До 24 мај 2026, 23:59 (со потврдена уплата)
Редовна цена 12.000 денари Од 25 мај до 14 јуни 2026

ВАЖНО: Early-Bird цената важи САМО доколку и регистрацијата и уплатата се потврдени до 24 мај 2026 во 23:59. Регистрација без потврдена уплата нема да биде прифатена како Early-Bird.

4.2 Попусти

  • Попуст за второ дете: −30% на котизацијата на второто дете. Двете деца мора да бидат пријавени со истовремена уплата и со истa адреса.
  • Попуст за групна пријава од клуб: −10% за минимум 10 деца од истиот клуб, со потпис на клупски менаџер/тренер.

4.3 Што е вклучено во котизацијата

  • 3 тренинг сесии × 3 часа = 9 часа тренинг ангажман
  • Тренинзи водени од тренери директно од Real Betis Academy, во соработка со локални тренери
  • Официјална опрема за тренинг (маица + шорц) со Real Betis Academy лого
  • Освежување неограничено на терен; 
  • Осигурување од несреќи за времетраењето на кампот
  • Осигурување од одговорност за време на активностите
  • Завршен сертификат за учество со Real Betis Academy лого
  • Дигитална фотогалерија и кратко видео по кампот

4.4 Што НЕ е вклучено

  • Превоз од дома до локацијата
  • Лични фудбалски копачки, чорапи и штитници
  • Здравствено осигурување вон активностите на кампот
  • Сместување (кампот е дневен)
  • Дополнителни оброци или ужини вон стандардно предвидените

4.5 Начини на плаќање

Уплатата се извршува исклучиво на сметката на ММ Спорт Евент Центар во ПроКредит Банка:

Поле Податок
Прима тел ММ Спорт Евент Центар, Куманово
Банка ПроКредит Банка АД Скопје
Трансакциска сметка 380071764800113
Шифра на плаќање 930
Цел на дознака „Спортска едукација на Real Betis Camp 2026 — име и презиме на детето”

 

Видете го примерокот на пополнета уплатница (документ 05 во овој пакет). Уплатата може да се изврши на шалтер во било која банка или пошта во Македонија.

По потврдена уплата, родителот добива формална потврда за регистрација по е-маил во рок од 48 часа.

5. Услови за откажување и враќање на средствата

5.1 Откажување од страна на учесникот

Период на откажување Враќање на средства
Повеќе од 21 ден пред почеток (до 28 мај 2026) 100% рефундација
Откажување на самиот ден или подоцна 0% враќање (освен медицински документиран случај)

Откажувањето мора да биде во писмена форма (email на [email protected]). Враќање на средствата се извршува во рок од 15 работни дена.

5.2 Откажување поради медицински причини

Во случај на медицински документирана причина (потврда од доктор), родителот има право на 100% рефундација без оглед на временскиот рок, минус административен трошок од 10% за веќе направени трошоци (kit, материјали).

5.3 Откажување од страна на Организаторот

Организаторот ги задржува правата да го откаже или одложи кампот доколку:

  • Не се достигне минималниот број на учесници до 10 јуни 2026;
  • Настане виша сила (vis maior) — природна катастрофа, епидемија, војна, владин налог;
  • Се појави сериозен безбедносен ризик;
  • Real Betis ја прекине соработката пред да започне кампот.

Во овие случаи, родителите ќе бидат известени во писмена форма во рок од 48 часа и ќе го добијат 100% од уплатените средства назад во рок од 15 работни дена.

6. Однесување и дисциплина

6.1 Очекувано однесување

Сите учесници се обврзуваат:

  • Да покажуваат почит кон тренерите, другите учесници и персоналот.
  • Да следат упатства од тренерите без приговор.
  • Да се придржуваат до фер-плеј игра и спортско однесување.
  • Се однесуваат во согласност со Real Betis Academy вредностите: почит, тимска работа, упорност, фер-плеј.

6.2 Забрането однесување

Следните однесувања се сериозни прекршоци кои можат да резултираат со итна суспензија без право на враќање на средствата:

  • Физичко насилство кон друг учесник, тренер или персонал.
  • Вербална агресија, дискриминаторски коментари.
  • Кражба или умислено оштетување на имотот.
  • Користење на алкохол, дрога или други забранети супстанции.
  • Опасно однесување (груби фаулови, опасни стартови).

6.3 Дисциплински мерки

  • Усна опомена од тренер.
  • Формален разговор со родителот.
  • Времена суспензија (исклучување од една сесија).
  • Целосна суспензија без право на враќање на средствата.

7. Безбедност и одговорност

7.1 Безбедност на учесниците

Организаторот обезбедува:

  • Медицинско лице на самото место сите 3 дена (8 часа на ден).
  • Опрема за прва помош на сите главни локации.
  • Идентификувана болница за итни случаи во Куманово.
  • Осигурување од одговорност и осигурување од несреќи.
  • Видео надзор на сите главни зони.
  • Двоен надзор на сите сесии (минимум 2 возрасни лица).

7.2 Одговорност на родителите

  • Да го доведат и одведат детето во утврдените часови.
  • Да обезбедат фудбалски копачки, чорапи, штитници и спортска опрема.
  • Да бидат достапни на телефон за време на кампот.
  • Веднаш да ги известат организаторите за било какви промени во здравствената состојба.

7.3 Ограничување на одговорност

Организаторот не е одговорен за:

  • Загубени или украдени лични предмети.
  • Повреди кои се резултат на неискажани претходни медицински состојби.
  • Повреди настанати вон организираното време на кампот.
  • Однесување на детето вон активностите на кампот.

8. Заштита на лични податоци

8.1 Кои податоци ги собираме

Со пријавата, родителот доброволно ги доставува следните лични податоци:

  • Лични податоци на детето: име, презиме, датум на раѓање, пол, националност, адреса.
  • Здравствени податоци: алергии, медицински состојби, лекови.
  • Контактни податоци на родител: име, телефон, e-mail, адреса.
  • Фудбалски податоци: клуб, позиција, искуство.

8.2 Како ги користиме

  • Регистрација и формирање групи за тренинг.
  • Безбедност на детето (контакт во итни случаи).
  • Известувања во врска со кампот.
  • Подготовка на сертификати и документи.
  • Договорно известување до Real Betis (само агрегирани бројки).

8.3 Чување и заштита

Податоците се чуваат на безбедни сервери со ограничен пристап. Чувствителните податоци (здравствени) се бришат во рок од 90 дена по кампот. Контактните податоци се чуваат до 24 месеци за идни известувања, со право на родителот да побара бришење.

8.4 Права на родителот

  • Пристап до сите податоци кои се чуваат релевантни само за него.
  • Исправка на неточни податоци.
  • Бришење на податоците (right to be forgotten).
  • Ограничување на обработката.

Контакт: [email protected] или +389 78 54 34 84.

9. Употреба на слика и видео

Со потпис на формуларот, родителот дозволува користење на фотографии и видео-снимки за:

  • Промотивни цели на ММ Спорт Евент Центар.
  • Промотивни цели на Граѓанска иницијатива.
  • Промотивни цели на Real Betis Academy.
  • Медиумски нагласувања (прес-соопштенија, статии, ТВ).
  • Доделување на дигитална фотогалерија до сите родители по кампот.

10. Завршни одредби

Овие Услови се применуваат заедно со:

  • Договорот помеѓу родител/старател и ММ Спорт Евент Центар (документ 04 во овој пакет).
  • Кодексот на однесување и заштита на малолетници.
  • Договорот за соработка помеѓу Граѓанска иницијатива и Fundación Real Betis Balompié.
  • Внатрешните правила на ММ Спорт Евент Центар.
  • Применливото македонско законодавство.

Спорови кои не можат да бидат решени со договор ќе бидат разгледани од надлежен суд во Куманово.

Овие Услови стапуваат на сила со потпис на формуларот за регистрација и важат до завршувањето на кампот и обработка на сите пост-камп обврски (до 31 јули 2026).

 

За прашања, контакт:

ММ Спорт Евент Центар, Куманово

Телефон: +389 78 54 34 84

E-mail: [email protected]

Банка: ПроКредит Банка АД Скопје, сметка 380071764800113

Ви благодариме за разбирањето и прифаќањето на овие услови.

Со потпис подолу, потврдувам дека ги прочитав, ги разбрав и ги прифаќам сите услови.

_______________________________________

Потпис на родител / старател                                Место и датум

Scroll to Top